Почнува новата сезона во СЕХА лигата

Со дуелот меѓу Војводина и Веспрем, утре почнува четвртата сезона во Регионалната СЕХА лига, каде Вардар го брани трофејот, втор откако постои ова натпреварување. Најголемата новина сезонава е вклучувањето на Веспрем во лигата, со што истата доби на квалитет. Остануваат десет екипи, а поради неисполнување на условите отпадна Ловќен.

Вчера беше одржана првата прес-конференција во Нови Сад, со што беше најавен стартот на новата сезона во СЕХА ГСС лигата. Минатата сезона од ова Регионално натпреварување заврши со Ф4 турнирот во Нови Сад, а освојувач на титулата беше најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, откако во големото финале го совлада Мешков Брест.

“Минатата сезона во СЕХА ГЈТ лигата беше многу успешна и крунисана со завршниот турнир во Нови Сад. Се надевам дека следната сезона ќе биде уште поуспешна и на крајот ќе бидеме горди на организацијата” – изјави директорот на СЕХА лигата, Синиша Остоиќ.

Познатиот оперативец на Веспрем Хајнал Чаба изрази особено задоволсто што неговата екипа следната сезона ќе биде дел од ова натпреварување.

“За Веспрем е многу важно што ќе играме во СЕХА ГЈТ лигата. Во оваа лига секогаш се случуваат убави работи и се надевам дека ќе имаме успешна сезона. Нашата екипа ја чека настап и во Лигата на шампионите, но и во унгарскиот шампионат. Се надевам дека ќе стигнеме до фајналфорот во СЕХА ГЈТ лигата”.

Тренерот на Војводина Ѓорге Чирковиќ смета дека неговата екипа ја очекува тежок старт на сезоната против исклучително квалитетна екипа.

“Го пречекуваме еден од најдобрите ракометни клубови на денешницта. Според мене во овој момент тие играат најквалитетен ракомет во светот. Ги добија сите подготвителни турнири на кои што настапија, имаат репрезентативци од шест земји, а во последниве преодни рокови купуваат ракометари од Барселона и Кил. Ние ќе се обидеме да направиме се што можеме против еден ваков тим, а доколку успееме да биде рамноправни 20-30 минути, тогаш би бил задоволен”.

Според распоредот на натпревари и вардарци новата сезона ќе ја стартуваат таму каде што ја завршија минатата. Првиот дуел“црвено-црните” го играат на 31.08 (недела), против екипата на Војводина во Нови Сад.

Целиот распоред на натпревари на Вардар можете да го видите во делот на распоред.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.