Почнува пријавувањето за полагање испит по англиски за таксистите

Од денеска започнува пријавувањето за полагање на испитот за англиски јазик за сите такси возачи со цел да се здобијат со Сертификат за познавање на англиски јазик.

Согласно Законот за патен сообраќај сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање на основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

Пријавувањето на кандидатите ќе се врши по електронска пошта ispiti@mtc.gov.mk. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството зa транспот и врски www.mtc.gov.mk, кандидатите да приложат:

-М1/М2 образец не постар од 60 дена

-Kопија од лична карта.

Рокот на пријавување е до 15 април годинава.

Од Министерството истакнуваат дека таксистите нема да сносат никакви трошоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен.

На конкурсот за полагање на испитот по Англиски јазик може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објавено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.