Почнува проектот „Музејот – пријател на децата“

Националната установа Музеј на македонската борба – Скопје и во новата учебна година го продолжува проектот „Музејот – пријател на децата”.

Со овој проект се предвидува одржување креативни и едукативни работилници во просториите на музејот со ученици од литературни, ликовни, драмски и историски секции од основните училишта и од средните училишта од градот.

Музејот ги поканува заинтересираните ученици и наставници да го пријават своето учество во работилниците.Учесниците ќе добијат диплома за учество, а за најуспешните предвидени се и награди.

Музејот ќе обезбеди материјали за работилниците и освежување за учесниците.Оваа година проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.