Македонија

Почнува реализацијата на една од најголемите инвестиции во Македонија- пругата кон Бугарија

Почнува реализацијата на една од најголемите инвестиции  во Македонија- пругата кон Бугарија

Претседателот на Владата на Република Македонија во 13:30 часот, ќе присуствува на свеченоста по повод започнување на работите на реализација на железничкиот проект за реконструкција на Коридор 8 на делницата Куманово-Бељаковце, Клечовски мост, односно пругата кон Бугарија.

Проценките се дека нејзината реализација ќе чини околу 550 милиони евра, и овој проект според својата вредност е една од најголемите инвестиции од независноста.

По 20 години откако владата на Бранко Црвенковски пред изборите во 1994-та година ја почна без да обезбедени финансии, почнува реална и стабилна градба, поткрепена со одобрен кредит на ЕБРД.

Реализацијата на проектот на пругата кон Бугарија во време на СДСМ не беше преку обезбеден кредит, туку преку пуштање на мали износ пари од буџет пред избори со цел добивање гласови.

Сега е спроведена јавна набавка, а во 1994-та година познато е дека немало воопшто закон за јавни набавки.

Железничката делница од Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и претставува прва од вкупно трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8, која треба да ја поврзува Република Македонија со Република Бугарија, почнувајќи од Куманово преку Бељаковце, Крива Паланка до Деве Баир, односно до границата со Република Бугарија.