Почнува „Снежниот град“ на Попова Шапка

Од денеска до недела на Попова Шапка ќе се одржи традиционалната детска манифестација „Снежен град“.

Снежниот град ќе го градат ученици од повеќе училишта од Скопје и други места кои ќе бидат распоредени во екипи од по десетина деца со свој ментор. Тие ќе го градат Снежниот град до недела кога тој свечено ќе биде отворен по што ќе започне Снежниот карван којшто ќе се одвива до 28 февруари.

Во рамки на манифестацијата ќе се одржат и бројни други активности како избор на Снежна убавица, спортски игри, пинг понг, билијард, рачен фудбал и пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и диско-забава.