Македонија

Почнува со работа фабриката „Актива“ во Штип

Почнува со работа фабриката „Актива“ во Штип

Фабриката за заварени склопни елементи за шасии за автобуси „Актива“ денеска ќе биде пуштена во употреба во штипската индустриска зона „Запад“.

Во фабриката ќе се произведуваат автобуски шасии за потребите на белгиската компанија „Ван Хол“, која има фабрика во ТИРЗ „Бунарџик“ во Скопје.

Според најавите од менаџерот на „Актива“ Илија Николовски, инвестицијата во првата фаза на фабриката изнесува 3 милиони евра и  првично 50 вработувања.

Халата за автобуски шасии во новата фабрика „Актива“ е со површина од 8.000 метри квадратни, а целиот капацитет е на површина од 70.000 метри квадратни.

На официјалното отворање на фабриката е најавено обраќање на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, претставници на инвеститорот и на локалната самоуправа.

фото: МИА