Почнува судењето на лидерот на Златна зора и на десетици други нејзини членови

Во Грција денеска почнува судскиот процес против десетици лица поврзани со неонацистичката партија Златна зора, трета најсилна партија во грчкиот Парламент.

Процесот, за кој се очекува дека ќе трае неколку месеци и за кој медиумите многу пишуваат, ќе се одвива во одлично обезбеден затвор во Атина.

Советот составен од тројца судии ќе им судат на лидерот на Златна зора, Никос Махалолијакос и 68 други, меѓу кои има и пратеници и полициски службеници.

Повеќето се обвинети за припадност кон криминална организација, но има и обвинети за учество во заговор за убиство, поседување оружје и расистичко насилство. Доколку бидат прогласени за виновни на обвинетите им се заканува казна до 20 години затвор