Македонија,Крими хроника

Почнува судењето на обвинетите во „Шпион“

Почнува судењето на обвинетите во „Шпион“

Кривичниот суд во Скопје денеска започнува судњето на обвинетите во една од најголемите  афери “Шпион”.

На обвинителна клупа ќе седнат 22 лица кои се осомничени и обвинети во акцијата „Шпион“. Меѓу обвинетите е и новинарот Зоран Божиновски кој се товари за изнуда и рекет.

Процесот се води против двајца вработени во Агенцијата за разузнавање, двајца во Управата за безбедност и контраразузнавање, четворица вработени во Министерството за внатрешни работи, тројца во Министерството за одбрана и по еден во Собранието, Државниот архив и како директор на Управата за финансиско работење, се осомничени за шпионажа.

Лицата се сомничат за шпионажа и соработка со странски безбедносни служби на кои им оддавале класифицирани документи со различен степен на доверливост меѓу кои имало и државни тајни.