Почнува судењето за убиството на матурантот Ангел Петковски

Денеска почнува судскиот процес за убиството на матурантот Ангел Петковски за кое што е обвинет Насер Ештрефи.

Судењето требаше да започне пред нова година но се одложи поради ангажман на неговиот нов адвокат во друг судски процес. Дали обвинетиот ќе се брани на убиство во самоодбрана адвокатот не сакаше предвреме да открие.
Според обвинителството, осомничениот Насер, на 19-ти мај влегол во дворот на семејната куќа на семејството Петковски со намера да го украде велосипедот по што избегал.

Ангел и неговиот таткото тргнале по него и го стасале кај пешачкиот мост што води кон Сарај. Тука според обвинителството Ештрефи го прободел Ангел со нож.

 

 фото: Дневник