Почнува судскиот процес против дедо Љубе

Денес почнува судскиот процес за дедо Љубе кој со својата пушка уби еден од двајцата натрапници во неговата куќа.

Обвинителството го товари за три кривични делa: убиство на миг , убиство во обид и неовластено држење на оружје.

Пред две години дедо Љубе бил измачуван  од натрапниците. Пред да успее да се ослободи, застрела еден од напаѓачите. Од измачувањето неговата сопруга останала глува.

Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи преку кои се бара слобода за старецот. Денес во 10 и 30 часот се организира собирање пред Основниот суд во Куманово, во знак на поддршка за дедо Љубе.