Балкан

Почнуваат преговорите за членство на Србија во ЕУ

Почнуваат преговорите за членство на Србија во ЕУ

Во Брисел денеска ќе се одржи првата меѓувладина конференција меѓу Србија и Европската унија, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Со ова Србија формално ќе ги започне преговорите за пристапување кон Унијата. На конференцијата ќе присуствува еврокомесарот за проширување Штефан Филе и шефовите на српската Влада.

Евангелос Венизелос, министер за надворешни рабори на Грција, која претседава со Унијата на српските претставници ќе им ги врачи клучните документи на ЕУ за преговорите, во кои се потенцира дека Србија го постигнала потребниот степен на согласност со критериумите за членство.

На церемонијата ќе присуствуваат и шефовите на дипломатиите на Австрија и на Хрватска, како и министрите за европски прашања на Словачка и на Унгарија.