Почнуваат разговори на техничко ниво меѓу Грција и кредиторите

Разговорите на „техничко ниво“ меѓу претставници на грчката Влада и меѓународните кредитори на земјата почнуваат денеска во Брисел и покрај информациите дека технички тимови од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, претходно познати како „тројка“, утре ќе ја посетат Атина.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на денешните разговори Грција ќе ја претставува Никос Теохаракис, генерален секретар во Министерството за финансии задолжен за фискална политика. Официјалните претставници на двете страни треба да го разгледаат списокот со предлозите на грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис.

Во меѓувреме, весникот „Катимерини“ денеска објави дека претставници на т.н. „институции“ утре ќе ја посетат Атина. Владини извори за весникот изјавиле дека тие нема да се сретнат со министри

Друг владин извор пак изјави дека технички тимови можеби ќе дојдат во Атина „некогаш“.