Почуствуван земјотрес во Скопје

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала е почувствуван синоќа во 22 часот и 18 минути во југоисточните делови на Скопје, пренесува МИА.

Епицентарот на земјотресот е во Скопското епицентрално подрачје, соопшти денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е со интензитет од III степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.