Почувствуван земјотрес во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 21.10.2014 год., во 12 часот и 32 минути, регистрира земјотрес со јачина од 3.6 степени според Рихтеровата скала.

Тој потекнува од охридското епицентрално подрачје а неговиот епицентар се наоѓа на 100 км југозападно од Скопје.
Според досегашните макросеизмички податоци, земјотресот е почувствуван во Охрид и Струга и околината со интензитет од IV степени според Европската макро-сеизмичка скала–1998.