Почина 2-годишно девојче, се лизнало на мраз

Двегодишно девојче од селото Јажинце, општина Јегуновце, починало како последица на несреќен случај додека играло околу чешмата во дворот од нејзината куќа во селото, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Трагедијата се случила денеска пред 13 часот додека девојчето играло околу чешмата во дворот од семејната куќа при што се лизнало на мразот и паднало по што почнало обилно да крвари од главата.

Нејзините најблиски веднаш со возило се упатиле кон Тетово да го донесат тешко повреденото девојче во клиничката болница каде пристигнале околу 13 часот, но за жал лекарите само можеле да ја констатираат смртта.

Во координација и консултација со јавен обвинител телото било предадено на семејството, а настанот е заведен како несреќен случај.