Почина актерката Кери Фишер, ѕвездата на серијалот „Војна на ѕвездите“

Познатата американската актерката Кери Фишер, најпозната по улогата на принцезта Леа во култниот филмски серијал „Војна на ѕвездите“ почина на 60-годишна возраст откако пред неколку дена имаше срцев удар, пренесуваат светските медиуми.

Портпаролот на нејзиното семејство, Сајмон Холс ја потврдил оваа информација, наведува „Холивуд Репортер“.