Почина актерот што ја толкуваше улогата на легендарниот Алф

Мичу Месарош, актерот што ја толкуваше улогата на вонземјанецот Алф во популарната тв серија од 80-тите почина во 77-мата година од животот.

Месарош минатиот четврток имал мозочен удар и паднал во кома. Последните денови од животот ги поминал во болница.

Актерот висок само 84 сантиметри го носел костимот на вонземјанецот Алф, но во серијата, гласот на познатиот лик му го позајмуваше актерот Пол Фуско. Серијата имаше  четири сезони.

Месарош е роден во Унгарија и му се придружил на циркус каде изведувал скечеви за американските претседатели Џими Картер и Роланд Реган и станал пријател со Мајкл Џексон.

Инаку неодамна беше покрената и веб страната GoFundMe за собирање пари со кои што ќе се плати неговото лекување, но сега тие пари ќе бидат потрошени за погреб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.