Почина Алфи Еванс, бебето во средиштето на судската битка

Алфи Еванс, британското бебе во полувегетативна состојба чиишто родители се противеа на прекинувањето на лекувањето, спротивно од мислењето на британските лекари, почина во саботата.

„Нашето ебе ги рашири крилјата ноќва во 2,30 часот. Срцето ни е скршено. Ом благодариме на сите на поддршката“, напишаа на Facebook родителите на бебето кое почина со 23 месеци.

Детето, кое беше приклучено на апарати, ги „запрепасти“ докторите дишејќи без помош на апаратите пред да почине, вели неговиот расплакан татко, 21-годишниот Том Еванс. Додаде дека неговиот син не покажувал знаци на влошување на состојбата откако во понеделникот бил исклучен од апаратите. Таткото седел покрај своето дете секоја секунда, секој ден, откако Алфи е примен во болницата и го охрабрувал да живее уште месеци, години….

Том кажа дека Алфи, кој боледувал од неидентификувано заболување на мозокот, сам дишел во последните 9 часа од неговиот живот. На фотографијата која родителите ја објавија на социјалните мрежи, напишаа „колку е неверојатен… без разлика што ќе се случи, докажа дека овие лекари не се во прави. Колку е убав…“

Алфи Еванс почина кусо пред да наполни две години, пет дена откако му беа исклучени апаратите за одржување во живот, покрај желбите на родителите и по големата правна битка која ја водеа.

Британското правосудство го отфрли во средата последното барање на Кет Џејмс и Том Еванс кои со поддршка на папата Франциск и владата на Италија, бараа можноста за продолжување на лекувањето на детето во Италија каде неколку болници се понудија да го примат.

Со оваа судска одлука беше прекината долгата правосудна битка меѓу родители и лекарите на детската болница „Alder Hey Childrens Hospital“ каде што Алфи беше хоспитализиран од декември 2016 година. Според оваа установа, бебето родено на 9-ти мај 2016 година боледувало од ретко невродегенеративно патолошко заболување за коешто не постои лечење. Неговите лекари оцениле дека во интерес на Алфи е лекувањето да не продолжи.