Почина баба Милка – дадилката што цели осум години ги чувала децата на Трамп

Милка Милисављевиќ, Србинката која кон крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите ги чуваше двајцата синови на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, почина синоќа во 85. година од животот во болницата во Белград, по кратко боледување.

Последните 15 години баба Милка живееше во својот стан во Гроцка, а дури неодамна откри дека била дадилка на децата на новиот американски претседател.

Милисављевиќ ќе биде погребана во сабота на гробиштата во Гроцка. Зад себе остави двајца синови кои живеат во САД како и внуци.

Дури откако Трамп победи на претседателските избори во САД, таа откри во јавноста дека извесно време ги чувала децата на новиот американски претседател.

Оваа Белграѓанка во куќата на Трамп поминала 8 години, и како што изјави има многу убави спомени од таму.

Според нејзините зборови, осум години работела во домот на Трамп и тој со неа се однесувал како да е член на семејството, поради што таа се чувствувала како во своја куќа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.