Почина бебе во Тетово, таткото го претепал педијатарот

Шестнеделно бебе вчера починало во Тетово. Таткото на починатото бебе, Б.J. (26) утрото го однел бебето кај пензиониран педијатар во Тетово, бидејќи имало здравствени проблеми.

Педијатарот му дал одредена терапија, меѓутоа по неколку часа состојбата на бебето му се влошила и околу пладне тие повторно се вратиле кај педијатарот. Но, во тоа време тој бил отсутен, додека во соседната амбуланта, каде се обратиле за лекарска помош, констатирале дека детето е веќе починато.

Кога се вратил таткото физички го нападнал пензионираниот педијатар, по што го однел бебето во тетовската клиничка болница. Во координација со јавен обвинител и по негова наредба починатото бебе е дадено за обдукција и по што ќе се утврдат причините за смртта.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на  случајот.