Почина британската писателка Џеки Колинс

Почина британската писателка Џеки Колинс
Почина британската писателка Џеки Колинс

Сестрата на славната Џоан Колинс, алијас Алексис од хит-серијата „Династија“, британската писателка Џеки Колинс почина во Лос Анџелес. Џеки почина на 77 години, по долгата борба со ракот на дојка. На помладата сестра на холивудската ѕвезда Џоан Колинс, пред шест години и била поставена дијагнозата четврти стадиум на карцином на дојката.

Нејзината сестра Џоан (82) изјави дека е сосема скршена поради губитокот на најдобрата пријателка.
Нејзината сестра Џоан (82) изјави дека е сосема скршена поради губитокот на најдобрата пријателка.

Нејзината сестра Џоан (82) изјави дека е сосема скршена поради губитокот на најдобрата пријателка. Сер Роџер Мур, Сандра Булок и Опра Винфри се само дел од славните личности кои и оддадоа почест на Колинс.

Џеки е родена во Англија, а нејзините романи, кои се продадени во над 500 милиони примероци во светот, во некоии земји се забранувани поради експлицитните описи на сексот.
Авторката на најпродаваните бестселери пет дена пред смртта дала интервју во својата куќа на Беверли Хилс и рекла дека не жали за ништо .

Живеев на мој начин, како што би рекол Френк Синатра. Напишав пет книги откако ми беше поставена дијагнозата. Живеев, патував низ целиот свет, не ги одбивав турнеите и никој се досега не знаеше колку ми е тешко – рекла Џеки Колинс

Џеки Колинс пишува уште во тинејџерските денови, а нејзиниот прв роман „Светот е полн со оженети мажи“ е објавен во 1968 година и стана скандалозен бестселер. По него, го напишала романот „Светот е полн со разведени жени“, а следувале „Љубовници и коцкари“ и „Холивудските сопруги“. Таа книга е преточена во ТВ-серија во која играле холивудските ѕвезди од постарата генерација – Кендис Берген, Енџи Дикинсон, Сузан Сомерс, Стефани Пауерс и Род Стајгер.dzeki