Почина британскиот актер Џон Харт

Британскиот актери Џон Харт почина во Лондон на 78 години по долга борба со рак на панкреас, објави Ројтерс.

Харт во 2015 година објави дека има рак на панкреасот, но дека ќе продолжи да работи. Глумеше во повеќе од 200 филмови и серии во текот неговата шестдецениска кариера.

За негови најпознати улоги се сметаат оние во филмовите „Човекот слон“ за којшто беше номиниран за Оскар, потоа „Полноќен експрес“ и „Осмиот патник“.

Исто така беше дел од актерската екипа во две продолженија на серијалот за Хари Потрес каде го толкуваше ликот на продавачот на магични стапчиња Гарик Оливандер.

Харт, роден во Честерфилд, својата актерска кариера ја почнал во 60-тите години. Добитник е бројни признанија меѓу кои еден Златен глобус и четири Бафта награди.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.