Загина девојка при сообраќајка во населбата Гоце Делчев

Деспина П. (24) д село Јурумлери, попладнево го загуби животот во сообраќајка несреќа која околу 16:30 часот се случила во скопската населба Гоце Делчев.

Во несреќата учествувале автобус на ЈСП и автомобил „пежо“ управувано од сега починатата девојка.

По тешката сообраќајка девојката била пренесена во Ургентниот центар каде им подлегнала на повредите.

Од полицијата повеќе детали најавуваат за подоцна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.