Почина девојката повредена во сообраќајка во Драчево

Архивска илустрација

Почина 20-годишната девојка којашто беше удрена од мотор пред три дена на раскрсницата меѓу улиците „Иван Хаџиниколов“ и „Живко Фирфов“ во населбата Драчево.

Министерството за внатрешни работи соопштува дека девојката Т.Т (20) била удрена од страна на 32-годишниот скопјанец З.А, а потоа со тешки телесни повреди била пренесена на КАРИЛ при Ургентниот центар – Скопје. Следниот ден им подлегнала на повредите.

Возачот на мотоциклот бил повреден, но по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.