Почина диџејот Авичи

Шведскиот диџеј Авичи, почина на 28 годишна возраст во Оман. Неговиот издавач ја потврди веста.

„Со длабока тага објавуваме за загубата на Тим Берглинг, исто така познат како Авичи. Тој беше пронајден мртов во Мускат, Оман, на 20 април. Неговото семејството е очајно, така што ги молиме сите да ја почитуваат потребата за приватност во ова тешко време. Нема да бидат дадени дополнителни изјави“.

Пред  две години, Авичи објави дека нема да настапува повеќе во живо, а во последно време боледуваше од панкреатитист поради преголемата употреба на алкохол.
28 годишниот диџеј има освоено две MTV награди и двапати беше номиниран за Греми. Соработуваше со Дејвид Гета, Мадона и Лени Кравиц.