Почина добитникот на Оскар и Златен глобус, Мартин Ландау

© AFP 2017 / CHRIS DELMAS

Актерот Мартин Ландау, ѕвездата на телевизиската серија „Мисија: Невозможно“ од 1960-те години кој во подоцнежната кариера освои Оскар за најдобра споредна машка улога во филмот „Ед Вуд“ на Тим Барттон , починал во неделата во 89-та година од живот.

Актерот кој на 20 јуни наполни 89 години, починал во саботата во медицинскиот центар на Калифорнискиот универзитет (UCLA) во Лос Анџелес по „неочекуваните компликации“ во текот на кусата хоспитализација поради непозната болест, објави неговиот публицист Дик Гатман.

Мартин Ландау популарноста ја стекна благодарејќи на телевизиските серии „Мисија: Невозможно“ и „Космос 1999“, кои се емитуваа во 1960-те и 1970-те години. Во 1968 година му беше доделена престижната награда Златен глобус.

Дваесет години подоцна, актерот одново го доби Златниот глобус, овојпат за најдобра споредна улога во филмот на Френсис Копола „Такер: Човекот и неговите мечти“. Улогата на Ејб Карац, исто така, му донесе номинација за Оскар, но тогаш престижната статуетка не ја доби. За Оскар беше номиниран уште еднаш за улогата во „Злосторства и престапи“ на Вуди Ален.

Сепак, Ландау во 1995 година го освои Оскарот за најдобра споредна улога во филмот на Тимм Бартон „Ед Вуд“, во кој го толкуваше ликот на ѕвездата на хорор филмовите Бел Лугоси.

Беше и првиот избор на авторите на култната серија „Ѕвездени патеки“ на Џен Роденбери за улогата на легендарниот Мистер Спок, но ролјата на крајот ја доби Леонард Нимој.

Ландау во 1950-те се дружел со ѕвездите како Џејмс Дин и Стив Меквин, а студирал кај познатиот Ли Стразберг. Неговата кариера се состои од многубројни улоги на филмот, телевизијата и театарот, а беше активен и во оваа деценија.