Почина Џери Луис, еден од најуспешните холивудски комичари

Американскиот филмски и телевизиски актер, инветивен забавувач, режисер, сценарист и продуцент и еден од најуспешните холивудски комичари Џери Луис, почина на 91-годишна возраст, објави во неделата неговото семејство.

Во соопштението на семејството наведува дека актерот починал од природна смрт во својот дом во Лас Вегас во неделата утрото по тамошно време.  Луис страдаше од дијабетес, пулмонална фиброза, а неколку години се бореше со ракот.

Еден од најдобрите периоди беше децениското партнерство на Џери Луис со Дин Мартин започнато во 1946 година, со настапи по ноќните клубови и на телевизијата, а во 1949 година двојката ја сними и првата комедија „Мојата пријателка Ирма“. До 1956 година за студиото „Paramount“ снимиле 16 филмови кои оствариле големи заработки.

Луис стана еден од најдобро платените актери во Холивуд, а во 1960-те започна и со режирање филмови, меѓу кои се истакнува „Волшебната напивка на др Луис“. Интересно е што во филмот „Семеен накит“ толкува дури седум улоги.

Забележителен успех оствари со филмот „Кралот на комедијата“ од 1983 година, во кој толкува релативно сериозно улога, а комичната му припадна на славниот актер Роберт де Ниро.

Луис, исто така, учествуваше и во филмовите „Ова е луд, луд, луд, луд свет“ како и „Коридор“ и „Налудничавиот професор“, коишто ги режираше.

Во 1995 година стана најдобро платената ѕвезда во историјата на театарската сцена на њујоршки Бродвеј во ролјата на Мистер Еплгејт во мјузиклот „Damn Yankees“.

И како писател постигна забележителен успех. Меѓутоа, подоцна во кариерата предизвика контроверзии со коментарите за расите и крајно десничарските ставови.

Роден е како Јосиф Левич, во Њуарк во американската сојузна држава Њу Џерсеи, во семејство на руски Евреи, а двајцата родители му биле во шоубизнисот и со нив настапувал на сцената уште како петогодишник .

Попознати филмови во кои глумел се „Тоа е мојот син“, „Падобранци против волја“, „Мртви од страв“, „Уживај во животот Џери“, „Џери во циркус“, „Шериф на Дивиот запад“, „Лудориите на Џери Луис“, „Пепелашка“…

Меѓу делата на Луис на големиот екран треба да се одбележат и улогите во филмовите „Аризона дрим“ од 1993 година на Емир Кустурица и „Кралот на комедијата“ од 1982 година во режија на Мартин Скорсезе. Лауреат е на мноштво награди и признанија, вклучително и специјалната телевизиска награда Еми и почесниот Оскар.