Почина Џон Авилдсен, режисерот на „Роки“ и „Карате Кид“

Американскиот режисер Џон Г. Авилдсен, добитник на Оскар за режија на првиот „Роки“, почина на 81-годишна возраст, објавија американските медиуми.

Режисерот починал од рак на простатата во болница во Лос Анџеелс, изјавил неговиот син Ентони.

Џон Авилдсен во 1977 година го освои Оскарот за режија за нискобуџетниот филм „Роки“, со тогаш младиот актер Сивлестер Сталоне во ролјата на сиромашен боксер.

„Мислам дека Роки на луѓето им даде надеж, а никогаш нема подобро чувство од тоа“, изјави тогаш Авилдсон.

Уште еден негови филм од кој не се очекуваше многу „Карате Кид“, оствари блескав успех и поттика снимање на уште две продолжение, како и со „Роки“ од кој го режираше и петтото.

„Сигурен сум дека наскоро ќе режираш во рајот. Ти благодарам, Слај“, напиша Сталоне на Instagram

Ралф Мачио, ѕвездата на „Карате Кид“, пак, напиша дека Авилдсен бил раката водилка којашто му ги променила животот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.