Почина Џорџ Мартин – петтиот Битлс

Сер Џорџ Мартин, музичкиот продуцент познат како “петтиот Битлс” поцина во 90-тата година од својот живот.

Џопџ, најголем успех во својата половина век долгата кариера, постигна во Битлси. Во 1962 година, кога беше на чело во Парлафон, го воодушевува со неговата демо снимка, а после тоа им помогна да ја постигнат светската слава. Имал слух и визија да препознае бендот, кој во тоа време го одбивале сите поголеми дискографски куќи.

Освен тоа, имал големо влијание на дефинирање на звукот на Битлси, го продуцирал и нагледувал снимањето на нивни песни и албуми како “Love Me Do”, па и нивната последна работа во студиото Ејби Роуд.

Имал огромно влијание и на конечниот звук на албумите “Rubber Soul” и  “Revolver”.

Без оглед на сите успеси и разочарувања во кариерата на Битлси, Мартин бил константа, секогаш покрај нив, секогаш оној кој сите четворица го слушале.

Сер Џорџ Мартин е повеќекратен добитник на Греми и еден Оскар за ” A Hard Day’s Night”.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.