четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 16

Почина фронтменот на легендарниот бенд „Моторхед“

Megadeth "Gigantour" In Concert

Последни вести

На 71-годишна возраст почина фронтменот на легендарната британска група „Моторхед“, Иан „Леми“ Килмистер, објави бендот на својата интерент страница.

Во соопштенето се наведува дека Килмистер починал во неговиот дом, при што се повикуваат обожавателите гласно да пуштаат песни на групата и да испијат неколку пијачки во негова чест.

– Не постои едноставен начин да го кажеме ова… Нашиот моќен и благороден пријател Леми почина денеска по кусата борба со екстремно агресивниот рак. Не можеме да искажеме колку сме шокирани и тажни. Не постојат зборови за тоа. Славете го животот на овој прекрасен човек, како што тој и самиот правеше. Тој би го сакал токму тоа. Иан „Леми“ Килмистер 1945-2015. Роден да губи, живееше да победи, стои во соопштението на „Моторхед“, објавено синоќа.

Поради лошата здравствена состојба на Леми, „Моторхед“ последниве недели откажа неколку најавени настапи.

Килмистер веќе со години се соочуваше со здравствени проблеми. Во 2013 година нему му беше вграден дефибрилатор, а последниве месеци примаше и хемотерапија.

Најчитани вести