Почина фудбалерот Александар Пандовски

Почина фудбалерот Александар Пандовски
Почина фудбалерот Александар Пандовски

Младиот фудбалер, Александар Пандовски, не ги издржа повредите и почина, по тешката сообраќајна несреќа пред неколку дена, објави Македонски спорт.

Пандовски се наоѓаше во кома четири дена, а утринава починал во Клиниката во Скопје.

Пандовски имаше само 23 години, а последен клуб за кој играше беше второлигашот Еуромилк
Пандовски имаше само 23 години, а последен клуб за кој играше беше второлигашот Еуромилк

Пандовски имаше само 23 години, а последен клуб за кој играше беше второлигашот Еуромилк.

Тој потекнува од младинската школ на Вардар, но го носеше дресот и на Работнички и Хоризонт Турново.

Пандовски со својот татко со автомобил марка Голф излетаа од патот на излезот од Скопје, удирајќи најпрвин во столб, а потоа и во дел од пумпите на Бензинската пума во населба Маџари.

Пандовски потоа неколку часа бил заглавен во автомобилот, за неговото извлекување помогнале и противпожарни екипи, а кога бил примен во болница, состојбата му била многу лоша.