Почина градежен работник во Струмица – паднал од покрив

Градежен работник на возраст од 64-години, кој бил ангажиран за реновирање на покривна конструкција на објект во Струмица, вчера околу 13 часот паднал од покривот, од висина од 9 метри.

Со Итна медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Струмица каде од здобиените повреди починал во 15.45 часот.МВР соопшти дека увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител, увидна екипа од СВР-Струмица и трудов инспектор.

По наредба на обвинителот, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.