вторник, 27 декември 2016  |  Вести денес: 9

Почина градежен работник во Велес

Градежен работник почина вчера во Велес откако бил затрупан од поголема количина земја и камења, пренесува МИА.

policska-lenta

Последни вести

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера во 11:30 часот на ул. „Мирче Ацев“ во Велес додека И.А. (37), со привремен престој во Велес, вработен во ДООЕЛ „Афион“, работел на потпорен ѕид. Во моментот кога влегол во ископаниот дел врз него паднала поголема количина земја и камења, која го затрупала. Вработени во фирмата го извлекле, а екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР-Велес, во присуство на инспектор по безбедност и здравје при работа. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Најчитани вести