Почина и петтиот полицаец по пукотниците во Далас

Почина уште еден полицаец од вкупно 11-те полициски службеници што беа повредени за време на синоќешните пукотници со снајпер во Далас, додека се оддржуваа протести. Ова е петти по ред полициски службеник што го загуби животот во крвавата пресметка.

Само што загубивме уште еден. Убиен полицаец, напиша на Твитер полициската асоцијација на Далас.

Полицијата на Твитер објави дека двајцата осомничени се уапсени. Првиот бил уапсен, откако влегол во престрелка со специјални полициски сили. Вториот сам се предал, откако полицијата објавила фотографија од него во медиумите и побарал информации за него во врска со убиството на полицајците.

Снајперските напади се случиле вчера во 20:45 по локално време во момент додека повеќе стотици лица протестирале поради убиството на Афроамериканците во текот на полициска интервенција во Батон Руж во Луизијана и во Сент Пол во Минесота.

Гувернерот на Тексас Грег Абот соопшти дека на безбедносните служби на сојузната држава им наложил на градот Далас да му ја понудат секоја потребна помош.

Погледнете ги видео снимките од крвавата вечер во Далас на следниот линк.