Почина „Коко“ Шуман, музичарот кој ги преживеа нацистичките логори

Хајнц Јакоб „Коко“ Шуман, кој ги преживеа нацистичките концентрациони логори пред да се врати на музичката сцена, починал во понеделникот во Берлин во 93-та година од животот, објави неговата дискографска куќа „Trikont“.

Шуман, чијашто животна сторија е достојна за вистински роман, се прославил како млад музичар на берлинската андерграунд џез и свинг сцена на 30-те години од минатиот век.

Син на германскиот христијанин кој се преобратил во јудаизам и на германска Еврејка, бил уапсен во 1943 година по сознанието за неговото потекло и бил одведен во концентрациониот логор Терезиенштад во Судетите во тогаш окупираната Чехословачка. Таму свирел во бендот познат како „Ghetto Swingers“, за во септември 1944 година завршил во Аушвиц. Во тој логор со другите музичари им свирел на чуварите на логорската управа.

„Кога свирев сѐ заборавав. Ја заборавав жолтата ѕвезда на градите, ѕидовите на гетото и гладот“, се присетуваше Шуман пред десетина години во интервјуто во разговорот за парискиот дневен весник Le Monde.

По Втората светска војна со семејството емигрираше во Австралија, но по четири години се вратил во Берлин и повторно започна музичка кариера. Бил еден од првите кои во Германија свирел електрична гитара, а концертите на неговиот „Квартет Коко Шуман“ биле многу посетувани.

Во 1997 година ја објави книгата сеќавања „Ghetto Swinger“ кој во 2012 година во Хамбург е поставена како мјузикл.