среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 30

Почина Крис Корнел, фронтменот на Soundgarden и Audioslave

Портпаролот на Корнел изјави дека смртта била неочекувана и дека музичарот немал никакви здравствени проблеми.

Последни вести

На 52-годишна возраст, во Детроит, ненадејно почина фронтменот на групата Soundgarden, Крис Корнел, јави Фокс Њуз, повикувајќи се на публицистот на музичарот. Тој починал само неколку часа откако имал настап со својот бенд во Детроит.

Нема информации за причината за смртта на Крис. Портпаролот на Корнел изјави дека смртта била неочекувана и дека музичарот немал никакви здравствени проблеми.

Крис Корнел е најдобро познат како пејач на рок бендовите Soundgarden, и Audioslave, каде свиреше со музичарите од бендот „Rage Against The Machine“.

Корнел е еден од најпознатите и најпопуларните музичари во 90-те години, а Soundgarden, заедно со Nirvana и Pearl Jam, беа меѓу најпопуларните бендови во гранџ музиката.

Минатиот месец Корнел објави нова соло песна „The Promise“ и најави дека Soundgarden имаат план за снимање нов албум.

Ова е дел од неговиот вчерашен настап…

Soundgarden

A post shared by Paul Maricic (@pmaricic) on

nintchdbpict000324620845

Најчитани вести