Почина легендарниот екс-ју актер Љубиша Самарџиќ

Легендарниот српски актер кој се стекна со голема слава во поранешниот југословенски простори, но исто така режисер и продуцент, Љубиша Самарџиќ, починал во 80-та година од животот, пренесуваат во петокот вечерта белградските електронски медиуми.

Самарџиќ во декември минатата годија беше подложен на тешка операција на мозокот, а неговата здравствена состојба последните неколку дена била многу лоша.

Во декември, кога беше опериран, лекатире имаа оптимистични прогнози, меѓутоа, неговата ситуација се влошила

Љубиша Самарџиќ е роден на 19-ти ноември 1936 година во Скопје во рударско семејство. Стана истакнато име на југословенската кинематографија, а благодарејќи на неговиот тален постигна големи успеси. Специфичноста која ја носеше го направи легендарен актер кого често го поистоветуваа со улогите што ги толкуваше на големото платни и во бројните телевизиски серии, какви што беа Шурда, Смоки…

Со сопругата Мирјана беше во брак 50 години, со кого го имаа синот Драган кој почина на 34-годишна возраст од леукемијам како и ќерката Јелена од која имаше внуци.

Првата улога ја одиграл во 1961 година во филот „Игри на скелиња“, а потоа и низа улоги меѓу кои во филмовите „Битката на Неретва“, „Валтер го брани Сараево“, „Бомбаши“, „Сутјеска“, „Љубовниот живот на Будимир Трајковиќ“, „Луди години“, „Работа на одредено време“, „Мојот татко на одредено време“, „Не е лесно со мажите“, „Магарешки години“, „Убиство со умисла“, „Наташа“, „Коњи врани“…

Во богатата телевизиска кариера играше во сериите „Жежок ветер“, „Враќањето на отпишаните“, „Каде одат дивите свињи“, „Подобар живот“, „Полицаецот од Петлово брдо“, „Есента стасува, дуњо моја“…

Прекарот „Смоки“ го добива благодарејќи на истоимениот лик кој го толкува во 1963 година во филмот „Песочен град“.

Последната улога којашто ја оствари беше во серијата „Мирисот на дождот на Балканот“ од 2011 година која и ја режираше.

Неговото режисерско деби биеше со драмата за бомбардирањето од страна на НАТО на тогашната СР Југославија во 1999 година, „Небесна јадица“, а потоа ги режираше и филмовите „Наташа“, „Ледина“, „Коњи врани“…

„Јас сум, всушност, човек од рударско семејство кој смета дека тој рударски леб е навистина тежок. Знам дека како дете запаметив нешто многу важно, а тоа е почитување на човекот по секоја цена и пожртвување за секого. Секогаш во играта го внесуван срцето и искреноста, сакајќи по секоја цена тоа да ми се врати. За среќа, таа моја искреност беше пресудна да има голем, огромен кредибилитет кај авторите и колегите“, изјавуваше повеќепати во интервјуата Љубиша Смоки Самарџиќ.

Сите свои награди и признанија, од Златните арени во Пула до наградата за животно дело во 2005 година ги подари на Југословенската кинотека.