Магазин

замина францускиот елвис Почина легендата на францускиот рок Џони Холидеј

Почина легендата на францускиот рок Џони Холидеј

Рок легендата Џони Холидеј, понат и како „францускиот Елвис“ кој го популаризираше рокот во оваа емја, починал во 74 година од животот од рак на белите дробови, извести во средата неговата сопруга Летисија Холидеј.

„Џони Холидеј не напушти. Ги пишувам овие зборови неверувајќи. Сепак, вистина. Мојот маж повеќе не е со нас“, изјави Летисија Холидеј. Од кабинетот на францускиот претседател Емануел Макрон, посочија дека Холидеј повеќе од 50 години бил „сјајна икона“.

Холидеј во текот на долгогодишната кариера продал повеќе од 100 милиони плочи, а неговиот зарипан глас му донесе армија следбеници во Франција и во поширокото франкофонско говорно подрашје. Првата плоча ја идал 1959 година, а минатиот месец во текот на подготвите за новиот албум и турнеа беше објавена веста се вестите за неговото лекување поради тешкотии со дишењето во париска болница.

Џони Холидеј, роден како Жан-Филип Лео Сме во Париз на 15-ти јуни 1943 година, во 1997 година од претседателот Жак Ширак му го додели орденот на Легијата на честа. Извонредно популарен стана во 1960-те, како француска верија на Елвис Присли, беше најголемиот изведувал на рокенрол во Франција изведувајќи ги на француски јазик најголемите хитови на американските пејачи.

Холидеј извел над 400 концертни турнеа, кои ги следеле повече до 15 милиони гледачи. Во 2005 година биле продадени околу 80 милиони негови дискови. Дури 18 негови албуми станаа платинести. Тој е автор и на многу песни во жанрот на шансоните и музика за филмови.

Џони Холидеј, исто така, глумаше во многу илмови како „Точка на пад“ (1970), „Чудовиште“ (1977), „Папараци“ (1998), „Грабеж на француски“ (2003), „Ангелите а апокалиспата“ (2004). „Понг Пантер 2“ (2009), „Засекогаш млади“ (2017) и „Секој има свој живот и своја казна” (2017).

Рокерот се женеше пет пати. Со сегашната сопруга Летисија се од 1996 година, и двојката посвои две виетнамски девојчиња.