Почина Милош Форман

Славниот чешки режисер Милош Форман, автор на холивудскиот класик „Лет на кукавичјото гнездо“, како и други значајни филмски остварување, починал во 86 година од објавија чешките медиуми.

Причината за смртта засега не е соопштена, освен дека починал по кусо болеување. Режисерот зад себе ја остави сопругата Мартина и четирите синови.

Милош Форман е роден во чешки Часлав во 1932 година. По инвазијата на советските трупи во Чехословачка во 1968 година Форман не се враќа во татковината од Франција, каде што водел преговори за снимањето на филм. Подоцна тој се населил во САД.

За „Летот над кукавичјото гнездо“ во 1975 година, кој освои вкупно пет награди, и „Амадеус“, освои вкупно осум признанија, во 1984 година, беше награден со Оскар за режија а двата филма ја освоија главната награда Филм на годината.

Форман, меѓу другите, е режисер и на мјузиклот „Коса“, на „Регтајм“ и „Народот против Лари Флинт“ за кој исто така беше номиниран за Оскар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.