Почина модната креаторка Лаура Бијаџоти

Италијанската модна креаторка Лаура Бијаџоти почина на 74 години од срцев удар, соопшти денеска нејзината ќерка.

Бјаџоти доживеа срцев удар во средата вечер на својот имот кај Рим. Лекарите се обидоа да ја реанимираат, но дошло до некое тешко оштетување на мозокот, пренесува АП.

Родена е на 4. август 1943 година и повеќе пати била наградува за својата работа во областа на модата.

Бјаџоти е една од првите италијански креаторки кој го освои светскиот пазар.

Позната е по меката луксузна женска трикотажа со опуштен изглед поради што го доби прекарот „Кралица на кашмирот“.

Произведуваше и наочари за сонце и парфеми, од кои најпознат е „Рим“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.