Почина момчето кое доби струен удар на станицата во Велес

Четиринаесет годишниот Б.К. денес им подлегна на повредите во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

Малолетникот не ги преживеа тешките повреди и изгореници со кои се здоби пред десетина дена на железничката станица во Велес откако ги допрел жичиците низ кои тече електронапојувањето потребно за движење на возовите.

Како што дознава Курир момчето денес им подлегнало на повредите во скопската болница.

Медиумите известуваа дека Б.К. со две другарчиња биле на станицата и имале намера да се фотографираат на вагоните. Во еден момент тој се качил на еден од товарните вагони и ги допрел жиците, се здобил со струен удар од околку 25.000 волти.

Неговите другари веднаш повикале помош, по што Б.К. итно беше пренесен на скопските клиники.