Почина најславниот „Агент 007“, актерот Роџер Мур

Британскиот актер Роер Мур, кој светската слава ја стекна толкувајќи го фиктивниот лик на „тајниот агент во служба на Нејзиното височество“ Џејмс Нодн, почина во вторникот на 89-годишна возраст, објави неговото семејство.

Роџер Мур починал „по кусата, но храбра битка со ракот“ во болница во Швајцарија.

„Инспирацијата којашто го обземаше секогаш кога ќе стапнеше на сцената или ќе застанеше пред филмските камери, му даваше сила да работи и во деветтата деценија од животот“, напиша семејството на неговиот официјален профил на Twitter.

Според објавата, почитувајќои ја неговата последна желба, Роџер Мур ќе биде погребан во Монако.

Ликот на агентот „со лиценца за убиство“ или 007, го толкуваше данаесет години, од првиот „Живеј и пушти да умрат“ кој го сними во 1973 година, преку „Човекот со златен пиштол“ (1974), „Шпионот кој ме љубеше“ (1977), „Мунрејкер“ (1981), „Октопуси“ (1983) до „Поглед на убиство“, снимен во 1985 година.

По завршувањето на кариерата како Агентот 007, Мур снимаше редица други филмови и телевизиски серии. Подоцна се занимаваше со добротворна активност, помагајќи му на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ) во собирањето донации за децата во земјите во развој. Во 2003 година беѓе пргоелсен за витез за достигнувањата во областа на хуманитарната дејност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.