Почина новинарот Реџеп Пампур

Водителот кој беше препознатлив по својата насмевка и по неговиот ведар дух, човекот со чии прилози пораснаа голем број генерации во првите години од осамостојувањето на Македонија, големиот Реџеп Пампур, починал утрово во својот дом, во сон, објави Телеграф.мк.

Пампур пред шест години доживеа тешка сообраќајна несреќа со својот мотоцикл. Од тогаш наваму, тој помина низ долг процес на опоравување и рехабилитација.

После несреќата, Пампур се повлече од јавноста.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.