Почина новороденче при сообраќајка меѓу камион и амбулантно возило

Вчера околу 17.50 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, во близина на село Лакавица, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Фиат Добло“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ Општа болница Струмица, а управувано од Љ.Ч.(58) од Струмица , а како сопатници во возилото биле В.Т.(30) од с.Просениково, струмичко, С.С.(53) од Струмица и новородено бебе од мајка Е.У.(39) и камион „Ман“ со радовишки регистарски ознаки управувано од М.Т.(27)од с.Трстеник, кавадаречко, во кое сопатник бил В.Н.(42) од с.Нов Караорман, штипско.

 Во незгодата, сопатничката во „Фиат Добло“, С.С. се здобила со тешки телесни повреди-скршеница на носна коска, а новороденчето со возило на ЈЗУ Клиничка болница- Штип е пренесено во Клинички центар Скопје каде во 01.00 часот починало.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип по овластување на Јавен обвинител.