Почина основачот на IKEA, Ингвар Кампрад

Ингвар Кампрад, основач на шведскиот синџир продавница мебел IKEA, почина во 91 година, објави во недела компанијата.

„Основачот на IKEA и Ikano еден од најголемите претприемачи на XX век Ингвар Кампрад почина на 27-ми јануари во својот дом во Смоланд во Шведска. Жалиме за загубата на нашиот основач и ценет пријател Ингвар. Неговото наследство нѐ восхитуваше долги години, а неговата визија креирањето на подобриот живот за многу луѓе, ќе продолжи да нѐ восхитува“, се наведува во изјавата “, се наведува во изјавата на Јеспер Бродин, извршен директор и претседател на одборот на „IKEA Group“.

Кампрад беше обвинуван поради врски со нацистите, што го нарече „најголемата грешка“ во својот живот.

Роден во 1926 година во Смоланд, област на југот од Шведска. IKEA ја основал кога имал 17 години, кога започнал да ги испраќа пратките по пошта. Првата продавница ја отворил во 958 година во Елмхулте во Смоланд. Според сајтот на Харвардската школа за бизнис, самиот бренд IKEA се дешифрира како „ Ingvar Kamprad Elmtaryd Agunnaryd“, каде што првите две букви се иницијали од името и презимето, на основачот, Елмтарјд е фармата на којашто се родил Ингвар, а Аганрјуд е локалната парохија.

Според порталот на IKEA, од 1988 година Компред престанел да ја раководи компанијата, но не се повлекол од неа. Во 1995 година Компрад ја основаше шведската банка „Ikano“, а по 20 години магазинот Forbes Швеѓанецот го стави на осмото место меѓу десетте најбогати луѓе на планетата, проценувајќи го неговото богатство на 43,2 милијарди долари.

Во моментов IKEA го поседува една од најголемите светски малопродажни синџири за продажба на мебел и производи за домаќинството. Според податоците од јануари 2018 година, корпорацијата посетува и управува со 412 продавници во 49 земји.

Неговиот мебел станал популарен поради едноставноста и добриот сооднос меѓу цената и квалитетот. Дизајнерот на мебел Џеф Банкс изјави своевремено дека дизајнот на Компрад радикално го изменил производството на покуќнина. „Многумина се обидоа да го копираат, но безуспешно“, вели Банкс.