Почина пејачката Реџепова

Пејачката Уснија Реџепова, која со години се бореше против ракот на белите дробови почина денес во Белград.

Последните неколку месеци нејзината здравствена состојба беше критична.

Реџепова родум е од Македонија, а се прослави со врањански песни.