Магазин

Почина пејачот на славните Temptations, Денис Едвардс

Почина пејачот на славните Temptations, Денис Едвардс

Вокалистот Денис Едвардс, член на американската група The Temptations кој низа децении го интерпретираше хитот „ Papa Was a Rollin’ Stone“, починал во четвртокот на возраст од 74 година, објавено е во саботата.

Музичарот починал во болница во Чикаго, соопштила неговата сопруга за локалните медиуми. Денис Едвардс, кој токму денеска требаше да наполни 75 години, починал од компликации од менингитис, појаснила Бренда Едвардс.

Денис Едвардс во 1968 година им се придружува на The Temptations кои веќе делуваа од 1961 година и имаа одреден успех. Ги прославија хитовите како „Papa Was a Rollin Stone“, „Just My Imagination“ и „Cloud Nine“.

Едвардс ја напушти групата составена исклучиво од пејачи кон половината во 1970-те, но се врати во 1980 година. Четири години подоцна почна соло кариера и оствари запазен успех со албумот „Do Not Look Any Further“.

Влезе во Куќата на славните на рокенролот како член на The Temptations кои собраа неколку Греми признанија во 1989 година.