Почина писателот Мето Јовановски

По кратко боледување вчера вечерта (петок ) во кругот на семејството почина писателот Мето Јовановски (1928-2016) на 88 годишна возраст. Јовановски беше беше претседател на Македонскиот ПЕН центар и прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Ќе биде погребан в недела во неговото родно Брајчино, преспанско.

Во кариерата долга 6 децении, Мето Јовановски неговото творештво брои над 30 книжевни дела. Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик.

Во понеделник во 13 часот ќе се одржи комеморација во ГЕМ клубот во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.