Свет

Почина поетот Тадеуш Ружевич, добитник на „Златниот венец“

Почина поетот Тадеуш Ружевич, добитник на „Златниот венец“

Во 93-та година од својот живот, вчера, почина Тадеуш Ружевич, еден од најголемите современи полски поети, добитник на бројни меѓународни книжевни награди, меѓу кои и на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1987 година.

Тадеуш Ружевич е роден на 9 Септември 1921 година во Радомско, во близината на Лоѓ. Студирал историја на уметноста на Јагјелоснкиот универзитет во Краков. Војната и окупацијата на Полска од страна на Германија го прекинуваат книжевното творештво на младиот Ружевич, кој своите први песни ги објавува во книжевните списанија уште во 1938 година.

Неговата прва збирка песни „Немир“ излегува во 1947 година. Други позначајни книги поезија му се: „Црвената ракавица“(1948), „Времето што поминува“ (1951), „Рамница“ (1951), „Сребрениот клас“ (1955), „Собрани песни“, „Форми“, „Разговор со кнезот“(1960), „Зелената роза“, „Лице“ (1964), „Третото лице“ (1968), „Собрани песни“ (1976) и други.