Почина поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит

Почина поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит
Почина поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит

Првиот човек на Владата на Западна Германија од 1974 до 1982 година Хелмут Шмит почина денеска во 96-та година од животот, јави дописникот на МИА од Берлин.

Шмит, кој беше вториот социјалдемократски канцелар во поствоена Германија, починал како резултат на инфекција по хируршкиот зафат на ногата извршен пред два месецa.

Шмит, кој имаше имиџ на страстен пушач, беше постојано присутен во јавноста со коментари за актуелните политички случувања во земјата, а во историјата ќе остане за